FIAT 126 to FIAT SSP 1 CONVERSION

 

                                


Главна идеја е да се замени постоечкиот погонски агрегат со зафатнина од 600
ccм од Фиат 126 П ( популарно наречената Пегличка) со погонски агрегат со зафатнина од 850ццм од Фиат 128 Специал. Пред да се премине на практична реализација на овој проект прво е потребно по пат на пресметки да се увидат разликите во перформанси помеѓу двата погонски агрегати и да се провери дали постоечките сопирачки ќе можат да го сопрат возилото.Воедно тука треба да напоменеме дека овој проект беше награден за најдобра дипломска работа на насоката моторни возила на машинскиот факултет-Скопје за 2003 година.

Со промената на погонскиот агрегат и менувач со помоќен мотор промената на перформансите на возилото е значителна во делот на забрзувањето, патот и времето на залетот.По деталното прегледување на пегличката констатирано е дека покрај планираните преправки ќе треба да се направат уште неколку.(Преправки кои што се наметнуваат поради староста на истата).

Замена на стандардната инструмент табла со инструмент табла на која што ќе се наоѓаат сите потребни инструменти за следење на работата на моторот..Доколку сте заинтересирани за овој проект повеќе ... >>>


 

Filip Velev, Velibor Zafirovski

 

© Copyright 2003 Super Sport
All Rights Reserved.